Денеска ја добивме првата блокада од Бугарија.Ова е прво непријатно чувство.Челнот два од договрот вели дека Бугарија треба да не поддржува, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Тој додаде дека за јазикот и индетитетот не преговарат држави.
-Ја имаме првата блокада од Бугарија. Денеска е прекршен тој член, ние ништо до сега не прекршиме. Ова е прво непријатно чувство.Треба да бидеме памети и да го решиме спорто на пријателски начин, денеска е испратен не така пријателска порака од соседна Бугарија првиот чекор е блокиран. Членот два од Договорот за добрососедство вели дека Бугарија треба да не поддржува кон патот за интеграција. Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО“, стои во челнот 2 од Договорот за добрососедство со Бугарија.Среќен сум што ја имаме поддршката од страна на Германија, изјави Заев.