Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција посочи дека нема потреба од нови рестриктивни мерки и уште еднаш упати апел до граѓаните да се придржуваат до веќе посочените мерки за заштита од Ковид 19.
Филипче посочи и дека се невистините информациите дека капацитети повеќе нема, туку напротив има доволно без потреба да се активираат и капацитетите од приватните болници.
„Пациентите можат да бидат згрижени од утре веќе и во целата зграда каде се клиниките за интерни болести вклучувајќи ги и Неврологија и дерматологија. Исто така и во Градската општа болница се’ уште има расположливи околу 100тина кревети. Идентично, не значи дека нема капацитети, ако е потребно да се префрли пациент во некоја друга клиника, по првична оценка на експертите во дадената институција“, истакна Филипче.
На стартот на пресконференцијата, Филипче ја сподели загриженоста по високите бројки кои како што вели за една недела се зголемени за 46 високи проценти. Па така од 17997, а активни 2279, изминатиот месец, сега имаме 36372 вкупна бројка на заболени лица, а активни случаи се 12762.