Коневски: Мицкоски не се плаши од корона, туку од нов пораз на избори

од Vladimir Zorba
408 прегледи

„Очигледно е дека не станува збор за некаков страв од пандемија, туку наједноставно кажано станува збор за страв од уште еден пораз на Христијан Мицкоски, вели во реакција до медиумите, поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски на одлуката ВМРО-ДПМНЕ да не учествува на локалните избори во Штип,

Toj посочува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги знае анкетите и знае дека тоа што нема став по важните прашања се одразува катастрофално по неговиот рејтинг и рејтингот на партијата.

„Беше очекувано дека Мицкоски ќе избега од изборно соочување. На него не му е важно што членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ во овие три години се постојано шиканирани, напаѓани, бркани одработа. На него не му е важно што штипјани не видоа ништо добро од локалните власти овие три години. Да му беше важно ќе излезеше на избори и ќе докажеше дека ВМРО-ДПМНЕ може многу подобро да води и управува“, нагласува Коневски.

Екс градоначалникот на Аердором додава дека е јасно дека после ваквата постапка на партискиот лидер, конгрес мора да има.

„ВМРО-ДПМНЕ мора да стане сериозна и релевантна партија. Сè додека Мицкоски го води ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев ќе биде сигурен дека победува. ВМРО-ДПМНЕ мора да се врати на победничките патеки, а тоа очигледно не може со Мицкоски на чело“, смета Коневски.

Слични содржини