Филипче: Граѓаните нема да плаќаат за лекување ако се разболат од коронавирус при престој во Србија и Албанија

од Берта Китинска
146 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче по потпишувањето на  Меморандум за соработка за регулирање на односите меѓу државите во услови на кризата со ковид-19 , дека земјите заеднички работата во обезбедување на вакцина.

-Ја интензивираме соработката со Србија и Албанија во справувањето со ковид пандемијата. Веќе заеднички работиме на обезбедување на вакцина и ќе си помагаме доколку во некоја земја дојде до преоптоварување на здравствениот систем. Доколку наш државјанин се разболи и треба да се лекува во некоја од овие две земји, тогаш нашите соседни држави ќе го покријат лекувањето и нашиот граѓанин нема да треба да плаќа од свој џеб. Истото ќе важи и за граѓаните на Албанија и Србија доколку во Северна Македонија им е потребна помош. Меморандумот кој денеска го потпишавме предвидува и движење на граѓаните и носителите на економијата помеѓу овие три земји без потреба од ПЦР тест, пишува Филипче.

Слични содржини