Претседателот на САД во заминување, Доналд Трамп, се огласи повторно со обвинувања. Овојпат посочи дека веста за ефективната вакцина против Ковид 19 се криела со намера, само со причина да не победи тој на претседателските избори кои изминаа.
Поточно, како што објави Трамп, во новата серија твитови, компанијата Фајзер и другите само чекале да завршат изборите за да најават откривање на ефикасна вакцина против коронавирус.
„Тие немаа храброст да го сторат тоа порано“, пишува Трамп, додавајќи дека американската Агенција за борба против дрогата требало ова откритие да го објави порано „не од политички причини, туку за да може да се спасат животи“.
„Ако Бајден беше претседател немаше да има вакцина уште четири години, ниту ФДА би ја одобрила толку брзо. Бирократијата би уништила милиони животи“, додаде Трамп во своето излагање.
Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и германската „Бијонтек“ соопштија дека дека нивната експериментална вакцина против Ковид-19 има ефикасност од 90% и дека вакцината нема сериозни непосакувани ефекти.