Анкетите за инфекција на населението спроведени во западноевропските земји – колку луѓе имаат антитела затоа што прележале корона – покажаа дека бројот на заразени е 10-20 пати поголем од бројот што официјално се регистрира, рече д-р Предраг Кон.
„Со таква аналогија, ако имате просечно 1.000 заразени лица на ден, тогаш имате околу 10.000 до 20.000 луѓе на ден кои се заразни, дури и без да знаат за тоа. Мора да се каже дека тие полека престануваат да бидат заразни по една недела до десет дена, по 14 дена сигурно, така што тој број не може само да се додаде“, објасни д-р Кон.
Во Белград, посочува тој, постои итна епидемиолошка состојба, бидејќи секој ден, повеќе од една недела, околу 1.200 лица биле заразени со вирусот корона.
Според него, до крајот на неделава ќе се види дали е тоа максимумот или ќе порасне бројот на новоинфицирани.
Тој истакна дека бројот на новозаболени лица расте и во Нови Сад, Крагуевац, Краљево и објасни дека епидемиолошката состојба во главниот град е вонредна, бидејќи еден на 1.000 жители е активно болен.