Процесот на предавање на власта на новоизбраниот претседател Џо Бајден делумно зависи од нејасната декларација наречена „потврда“.
Еве неколку детали за овој процес:
Што е потврда?
Официјалното предавање на претседателството не започнува се додека шефот на Федералната Kанцеларија за општи служби (GSA) не го потврди „очигледниот успешен кандидат“ на општите избори. Ниту законот за пренесување на претседателството, ниту федералните регулативи не прецизираат како треба да се донесе оваа определба. Одлуката дава зелено светло на сите потези на федералната влада, за подготвка за трансфер на власта.
Зошто ова сè уште не се случило?
Агенцијата не соопшти зошто сè уште не е донесена одлука за признавање на Џо Бајден за избран претседател. Портпаролот на GSA во вчерашната изјава рече: „Сè уште не е направена потврда. GSA и неговиот администратор ќе продолжат да ги почитуваат сите законски услови и да се придржуваат до претходните практики утврдени од владата на Клинтон во 2000 година“.
GSA е извршна агенција. Нејзината лидерка Емили Марфи е назначена од Трамп, но одлуката да се потврди треба да биде аполитична. Белата куќа не соопшти дали се водени разговори за ова прашање меѓу нејзиниот персонал и GSA.
Кои се ризиците?
Воспоставувањето го расчистува патот за милиони долари федерални пари да се слеат кај тимот за транзиција на Бајден и ги отвора вратите на сојузната влада за стотици вработени на Бајден за да можат да започнат со проценка на одделенските активности пред денот на нивната инаугурација во јануари. Евентуалното одложување на признавањето на Бајден за следниот претседател може да ги одложи федералните ресурси за да му помогне на тимот на Бајден-Харис да пополни околу 4.000 политички позиции во владата, вклучително и важни позиции во националната безбедност и здравствената заштита.
Зошто е ова важно?
Забавувањето на темпото на трансфер на власта може да ја парализира новата влада од самиот почеток. Според експертите, владата на Трамп никогаш не се опорави целосно од бавното темпо на екипирање во лошото управување со транзицијата во 2016 година, откако Трамп ги одби внимателно подготвените планови од денот по неговата победа
Дали имало такво одложување претходно?
Во 2000 година, воспоставувањето, вршено од GSA беше одложено дури по 13 декември, кога беше решена битката за пребројување на Флорида. Во тоа време, шефот на агенцијата се потпре на мислењето на еден од авторите на трансферот на претседателството во 1963 година, според кој „во оспорена трка, администраторот едноставно не донесува одлука“.
Пребројувањето во 2000 година вклучуваше само неколку стотици гласови во една држава за да се утврди кој кандидат доби 270 гласа во изборниот колегиум. Водството на Бајден во Висконсин, Пенсилванија и Мичиген, што му овозможи да го премине прагот за да ја освои Белата куќа, е многу посериозно и поголемо од водството на Трамп во истите држави во 2016 година.
Извештајот на комисијата за нападите од 11.09 открива дека скратениот процес на транзиција придонел за неподготвеноста на земјата за кризата.