Првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус посочи дека праведниот пристап на вакцината е во корист за сите и секоја земја.
Имено, тој додаде дека многуте вакцини би можеле во некои земји и да ја продолжат пандемијата.
„Национализмот поврзан со вакцинирањето ќе ја продолжи пандемијата, нема да ја скрати“, истакна првиот човек на СЗО на парискиот мировен форум одржан во текот на вчерашниот ден.
Тој предупреди на опасноста од економското опоравување на глобално ниво, ако како што вели, луѓето во сиромашните земји не успеат да бидат вакцинирани.
„Некои земји однапред купуваат многу вакцини, во количини и двојно поголеми од бројот на жители, со што ја доведуваат во опасност достапноста на вакцината во другите земји“, посочи Гебрејсус.
Првиот човек на СЗО, потенцираше и дека недостасуваат 28,5 милијарди долари, особено итни се од нив 4,5 милијарди, за „АСТ-А“ кои во рамки на СЗО сакаат на сите да им обезбедат пристап до тестовите, соодветен лекарски третман и вакцина против Коронавирусот.