159
И натаму совесноста на возачите во сообраќајот е на ниско ниво.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот дел продолжи со своите засилени контроли, па така беа изречени 168 мерки, од кои 20 за возење без возачка дозвола, 16 за технички неисправни или нерегистрирани возила и 62 за непрописно паркирање.
Покрај тоа, МВР имаше и акција во која се вршеше преглед на исправноста на автобуси и комбиња, а од 58. однесени на проверка, 6 беа технички неисправни.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.