Николовски: Законот важи за сите ниту еден нема да биде амнестиран од одговорност за криминал и корупција

од Берта Китинска
314 прегледи

„ Не прифаќам етикети за селективност. Ваквата поставеност на системот мора да даде резултати, да оствари успех. Не сум чул дека правиме селекција и еве кажете случај за селективност ако знаете.  Јас како вицепремиер ги координирам институциите кои се под извршната власт, оние чија надлежност е борба против криминалот, но тоа не значи дека ќе ги кооридинирам обвинителствата и судовите. Инстиуциите разочараа многумина, пред се младите, затоа сме во мисија да ја вратиме таа доверба“,  изјави вицепремиерот Љупчо Николовски во емисијата „Трилинг“ на телевизија 24.

Николовски  вели дека  законот веќе важи за сите и дека ниту еден нема да биде амнестиран од одговорност за криминал и корупција, макар и да припаѓа на СДСМ.

 

„Граѓаните направија за разлика од порано, дека сите случаи и афери кои се појавуваат ние ги процесуираме. Да потсетам дека претходно се беше поклопено од власта, и судството, и медиумите, и бевме меѓународно изолирана држава. Со новиот Закон за Јавно обвинителство очекувам решавање на сите случаи, вклучително и предметите на СЈО. Веќе збориме дека законот важи за сите и очекуваме брза испорака на правда“, изјави Николовски.

Слични содржини