369
Премиерот Зоран Заев денеска преку видео обраќање упати порака повод Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември.
-Одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот нѐ потстетува дека од витално значење е да обезбедиме посветени политики и методи и терапии за добра контрола на состојбата на лицата со дијабетес. Тоа е обврска на општеството и затоа вложувањето во јавното здравство и во здравјето на сите граѓани е водечки приоритет во нашата земја.Тоа го докажавме со тоа што ставивме крај на ерата на набавка на несигурни средства за инсулинската терапија. Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, од 2017 година наваму, направија значајна пресвртница во пристапот кон лицата со дијабетес, изајви Заев.