Коронавирусот најактивен е во главниот град, според статистиката на министерството за здравство.Покрај Скопје каде се регистрирани 8506 активни носители, инфекцијата зема замав и во следниве градови:
Куманово 3053, активни 844
Прилеп 2155, активни 901
Тетово 3159, активни 1060
Велес 1445, активни 777
Битола 1344, активни 697
Охрид 1155, активни 535
Кавадарци 888, активни 421
Гостивар 1742, активни 564
Струмица 1357, активни 649
Скопје 20629, активни 8506
Со цел спречување на ширење на вирусот можни се нови рестрикции.Комисијата за заразни болести за нови дополнителни мерки ќе одлучува на состанокот денеска.
Здравствените власти веруваат дека мерките кои се на сила, воведени пред извесно време ќе почнат да даваат резултати.
-Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викеднот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд, изјави министерот Филипче во четвртокот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47050, бројката на оздравени пациенти е 27364, на починати е 1305, а бројот на активни случаи изнесува 18381.