СДСМ: Мицкоски работи три години против државните интереси

161 прегледи

Владејачката СДСМ, по реакцијата на Христијан Мицкоски, објави свое соопштение во кое вели:

„Нема крај лицемерието на очајниот губитник Христијан Мицкоски.

На денот кога на претседателот Зоран Заев уште еднаш меѓународно му се признаени успесите, кога добива награда од реномирана европска фондација, каде е окаракетризиан како човек што влева надеж, како реформатор и европеец, Мицкоски неповикан поита да си прави сопствена промоција.

Ако Мицкоски не знае, добро е да дознае дека Северна Македонија во овие три години само добива – добивме слобода, добивме пријател со Грција, добивме членство во НАТО и Влада која што ги почитува сите заедници, добивме обезбеден јазик и идентитет признаени од целиот свет.

Што има Мицкоски направено за македонската држава, освен што ја покачи цената на струјата за 100 отсто? Освен што во Собранието и надвор од него, неговата ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ги закочи реформите важни за евроатлантската иднина?

Мицкоски не само што нема ништо направено за европската иднина, туку ќе остане запаметен дека беше на спротивната страна, очајно обидувајќи се да ја врати држава назад во темното минато.

Затоа Мицкоски е сам, изолиран во сопствената антидржавна матрица, затоа е во опозиција и уште долго ќе остане таму.“

Слични содржини