Блокадата е голема горчина за Заев, Борисов тврди дека одлуката е принципиелна

од Берта Китинска
268 прегледи

По блокадата на Бугарија, продолжуваат дебатите за тоа што точно бара нашиот сосед и што точно ќе се случува по ветото.

Премиерот Зоран Заев вели дека Македонија не го почитува Договорот за добрососедство, но, како што истакна Заев, никој не кажа точно каде ние го прекршуваме Договорот. Сепак вели тој, преговорите продолжуваат, а шанси се уште имаме.

Каракачанов ја сака Македонија, но на погрешен начин

Премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче веле, вели дека огромно мнозинство од бугарскиот народ е против блокада и пречки за македонскиот народ на патот кон ЕУ.

Голема е горчината што нашиот најголем пријател ни стави блокада, вели  Заев.

„Тврдам исто така дека и Борисов е против, затоа што тој е отсјај на својот народ. Но секако, тој има и коалициски партнери. Јас често го слушам мојот добар пријател Каракачанов. И тврдам дека тој ја сака Македонија, но некојпат на погрешен начин ја сака Македонија. Му го имам тоа и нему кажано. Тоа е како што велат „аман брату, немој толку да не сакаш“. Значи тој ја сака Македонија, но на погрешен начин“, изјавил Заев.

Борисов: Нашата одлука за РС Македонија е принципиелна, а не тврдоглава

„Бугарија најмногу сакаше нашите соседи од Република Северна Македонија, како и нашите пријатели од целиот Западен Балкан да влезат во ЕУ“, изјави  премиерот Бојко Борисов за време на денешната владина седница, пренесува БГНЕС.

Премиерот потсети дека токму Бугарија ја поддржа Република Северна Македонија за нејзино членство во НАТО.

„Бевме исклучително добронамерни, загрижени и во разговорите што ги водевме со нив, многу внимателно им објаснивме до каде може да се постигнат нашите компромиси“, рече премиерот, потсетувајќи дека е формирана заедничка историска комисија за решавање на спорот.

Борисов исто така рече дека биле водени десетици разговори, вклучително и со учество на вицепремиерите Захариева и Каракачанов, во потрага по компромиси, така што Бугарија нема да биде страна што ќе каже „не“ за реалниот почеток на преговорите сега.

Премиерот Бојко Борисов изрази жалење што не е покажан ангажман во Скопје, сметајќи дека притисокот и лобирањето може да ја принудат Бугарија да ја смени својата позиција.

„Нашата позиција не е позиција на тврдоглавост или позиција да ги подготвиме нашите најблиски пријатели“, рече премиерот.

Тој потенцира дека Каракачанов ги знае неговите ставови.

„Јас сум често домаќин на културни манифестации на Бугарите во земјава. Јас како премиер го возобновив и го подигнав споменикот на полковник Константин Каварналиев во Дојран, затоа што се борел за слободи и права во Првата светска војна. Затоа што тоа може да биде мост на пријателство. Јас сум разговарал лично со градоначалници на општини и институции да тргнат табли на кои што се зборува за „непријателски” народи и да ја променат таа табла. Јас сум тој којшто работи, заедно со целиот мој народ, на јакнење на пријателството и братството на двата народи, но не можете нешто ако е изгубено со децении, за две години да го постигнете, треба дополнително време, а тоа зависи од сите нас“, вели Заев.

Историчарите во регионот протестираат

Претседателот на Здружението за модерна историја, професор по историја на Филозофскиот факултет во Сараево, Хусија Камберовиќ, рече дека голем број на познати историчари од регионот протестираат против злоупотребата на историјата во процесот на европска интеграција на Северна Македонија.

Како што се наведува, протестот бил испратен поради одлуката на Бугарија да го блокира почетокот на преговорите меѓу Брисел и Скопје во процесот на европска интеграција на Северна Македонија.

Бугарските барања освен што излегуваат од здравиот разум и се спротивни на демократските вредности

Претседателот оценува дека бугарските барања освен што излегуваат од здравиот разум и се спротивни на демократските вредности, воопшто не се содржани во Договорот

Истиот човек, истата политичка структура во Софија која го потпиша Договорот за добрососедство и која велеше дека тоа е добар договор и од нивен аспект, сега практично со последната серија политички барања кон нас директно излегува од параметрите на тој Договор и одат спротивно на базичните европски вредности и принципи.

Ова го порачува претседателот Стево Пендаровски во интервју за австриската ORF TV во кое зборува за ветото од Бугарија и за барањата на источниот сосед кон земјава.

„Никаде во Договорот од 2017 нема ниту една единствена група, а не член, не пасус, не преамбула или како било дел кој зборува дека ние треба да дебатираме во рамки на тие билатерални разговори за етничкото потекло на нас Македонците. Нема ниту една единствена буква, дел, артикл, член, што било, кој вели дека ние мораме да преговараме со бугарската страна за тоа дали јазикот на кој сега јас зборувам со вас е македонски или не е“,вели Пендаровски.

 

Слични содржини