Заев: Капиталните инвестиции можат да помогнат во закрепнувањето и ревитализацијата на економијата

од Берта Китинска
330 прегледи

Премерот Зоран Заев на состанокот со ММФ изјави  дека е разговарано за  економските изгледи, фискалната и монетарната политика, како и финансиската стабилност во земјава.

-Капиталните инвестиции можат да помогнат во закрепнувањето и ревитализацијата на економијата. Соработката со ММФ значајна од повеќе аспекти, меѓу кои и мониторингот на економските перформанси на нашата земја.
На состанокот со ММФ, разговаравме за економските изгледи, фискалната и монетарната политика, како и финансиската стабилност во земјава. Од таму оценуваат дека реализација и вложувања во капиталните инвестиции во следниот период можат да помогнат за зголемување на потенцијалот за раст на економијата, со препорака во услови на КОВИД-19 да се продолжи со поддршка на здравствениот систем како приоритет, како што е предвидено и во Предлог-буџетот за 2021 година, изјави премиерот Зоран Заев.