Патријархот на Српската православна црква Иринеј (90) почина денес во МВЦ Карабурма, каде се лекуваше од коронавирус, дознава Нова.рс.
За медиумот ова го потврдиле два независни извори – извор од Српската православна црква и извор близок на лекарите од ВМЦ, каде патријархот се лекуваше две недели.
Претходно, Српската православна црква објави дека здравствената состојба на патријархот Иринеј, кој се лекувал во болницата Карабурма за последиците од инфекција со коронавирус, се влошила, соопшти Српската православна црква.
„Имаше влошување на општата состојба на Неговата Светост Патријархот на Србија г. Иринеј, како последица на КОВИД -19. Постојаниот совет на лекари во присуство на лекари ја следи општата и клиничката состојба на Неговата Светост Патријархот на Србија г. Иринеј. Јавноста ќе биде информирана и понатаму за здравствената состојба на Неговата Светост“, објави Српската православна црква.
Неколку медиуми блиски до СНС и властите исто така ја објавија веста дека патријархот починал, за веднаш да ја повлечат веста и да наведе дека е во сериозна состојба, поврзан на машина за дишење.