Стоилковиќ ги прозва Пендаровски и Заев за Иринеј, но ги заборави своите коалициски партнери

Преку свој статус на фејсбук профилот, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ се прости од патријархот Иринеј, но истовремено упати критика до владејачката структура, меѓу кои и Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски за неизрзеното сочувство на соседна Србија за загубата на поглаварот на СПЦ.

„Изразувањето сочувство се правилата на добро однесување, кои доаѓаат од домашното образование и социјалната норма која треба да се почитува, особено ако сте носител на важна и одговорна функција во државата“, вели Стоилковиќ.

„Но, кога не постои елементарно домашно воспитување и минимум сериозен однос кон функцииите кои ги извршувате тогаш ќе се случи онаа што на нас веќе во серии ни се случува, понижувачко однесување, очигледно намерни превиди па и нешто повеќе од тоа. Но после ваквото однесување треба да се каже дека нема вода која може да ви го испере срамот, а лажните спинови дека некој друг, а не не Вие двајцата лично, Пендаровски и Заев сте виновни за “нивото” на односите помеѓу двете држави и двата народа ќе личи на уште една Ваша несолена шала.

Како на Путин, Помпео, Макрон и други далеку поважни политички лидери не им се случи да не изразат сочуство на нивните колеги од Србија и српскиот народ по повод упокојувањето на Патријархот на Српската Православна Црква, Иринеј, а на Вас како нели најблиски соседи, православци нели, ви се случува.Сведоци сме дека претходното раководство не само што не се двоумеше туку и тогашниот Претседателот Иванов дури и присуствуваше на погребот на Патријархот Павле.

Чекавме да поминат трите дена на жалост во Србија надевајки се дека сте направиле превид па ќе се поправите, меѓутоа бидејки не станува збор за превид туку намера, сакаме од наша страна да остане забележана оваа Ваша недоветност и недоделканост која повеќе од се зборува за Вас самите, но за и Вашиот однос кон целокупниот српски народ, чиј дел дел сме и ние Србите во Македонија и Србија“, се вели во статусот на социјалната мрежа фејсбук.

Инаку, во своето обраќање Стоилковиќ изгледа не забележал дека ниту владејачката структура, но ниту и коалиционите партнери на Демократската партија на Србите во Македонија, не изразија сочувство за загубата на патријархот Иринеј, кој ја предводеше СПЦ, но и за смртта на патријархот Амфилохие, чија погребна церемонија беше предводена токму од српскиот поглавар Иринеј.

Слични содржини