Почина 35-годишно лице од коронавирус, кое избегало од болница

од Nikola Popovski
291 прегледи

Младиот битолчанец кој вчера почина од коронавирус своеволно ја напуштил болницата, а подоцна со брза помош бил вратен назад во тешка состојба, соопштуваат од Министерството за здравство.

Триесет и петгодишникот напладне за време на ручекот во битолската болница, самоволно заминал дома со приватно возило, наводно, за да се одмори и наспие, но се напил седативи, а семејството повикало итна помош затоа што не можеле да го разбудат.

„Потоа, во 18:02 часот пациентот бил донесен со возило на Итна медицинска помош (ИМП) и медицинска екипа во вонредно тешка општа состојба, неконтактибилен, тахидиспноичен, хипотензичен со немерливи витални параметри, немерлива сатурација, со пена на устата и изразена цијаноза. Според кажувањата на медицинската екипа од ИМП, пациентот со приватно возило си отишол дома наводно да се наспие и одмори и се напил средства за спиење и смирување во непозната количина, веднаш заспал и не се будел, по што семејството повикало ИМП кои веднаш дошле во домот и ординирале терапија која немала ефект, по што е донесен на Инфективно одделение“, велат од Министерството за здравство.

Од страна на дежурната екипа на ковид-одделот биле преземени реанимациски мерки, но без поволен терапевтски одговор.

Во Битола, според вчерашните информации, има 738 активни случаи на Ковид-19.

Слични содржини