„Шпигел“: Бугарија го користи својот поглед на историјата како политичко оружје против Македонија

од Nikola Popovski
321 прегледи

„Бугарија прави преседан во политиката на проширување на ЕУ. Земјата го користи својот поглед на историјата како политичко оружје против соседната земја“, пишува германски „Шпигел“.

Во анализата под наслов „Нација без довола на соседот“, весникот наведува дека иако државата е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, нејзините соседни земји го блокираат почетокот на преговорите за членство.

„Најпрво земјата требаше да го смени името под притисок на Грција, сега за неа нови услови поставува Бугарија, која бара од Македонија официјално да објави дека македонската нација има бугарско потекло и дека македонскиот јазик е западно-бугарски дијалект“, пишува „Шпигел“, посочувајќи дека некои националисти ги сметаат за Грци кои говорат на словенски јазик.

„Други ги сметаат за јужносрби или западни Бугари. На Македонците во поновата историја воопшто не им било лесно да бидат признати како посебна нација, со посебен јазик“, стои во текстот на „Шпигел“.

Слични содржини