720
Необична снимка од операциона сала во Прибој-Србија стана хит на социјалните мрежи.
Станува збор за снимка на која може да се забележи пациент кој лежи на операционен кревет и заедно со медицинскиот персонал пее песна од Сафет Исовиќ, додека ДОКТОРИТЕ ГО ОПЕРИРААТ.
Медицинските сестри пуштаат музика од телефон и пејат и играат околу креветот на пациентот. Игра дури и докторот кој ја извршува операцијата, а пациентот се обидува да ги следи.
Снимката предизвика разни реакции. Некои го осудија ваквото однесување на медицинскиот персонал, а други пак го поздравија овој гест затоа што персоналот се труди да го опушти пациентот.