Трамп изгуби во Џорџија: Објавени резултатите од рачното пребројување на гласовите

од Nikola Popovski
156 прегледи

По рачното пребројување на гласовите во Џорџија, претседателот Доналд Трамп не успеал да ги освои потребните електорски гласови, изјави во петокот државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер.

Претходно денес, Асошиејтед Прес ја прогласи победата на Бајден во Џорџија, објавувајќи дека демократскиот кандидат добил вкупно 306 гласа на изборниот колеџ.

„Како и сите републиканци, јас сум разочаран, нашиот кандидат не освои изборни гласови во Џорџија“, изјавил Рафенспергер. „Моето мото е дека бројките не лажат. Како државен секретар, верувам дека бројките што ги презентиравме денес се точни“.

Претходно истиот ден, Рафенспергер во интервју за ВСБ-ТВ изјавил дека пребројувањето не покажало значителна разлика во споредба со првичното пребројување.

Изјавата беше поддржана од менаџерот на системот за гласање Габриел Стерлинг, кој исто така соопштил е дека по пребројувањето Бајден е победник.

За првпат по скоро две децении, земјата гласала за демократот на претседателските избори.