47 играчи се вратија од репрезентативните обврски со корона

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Тензиите меѓу клубовите и фудбалските федерации траат со години. Клубовите се жалат, бидејќи нивните играчи редовно се враќаат повредени или „исцедени како лимони“ од репрезентативните натпревари.

А овој ноемвриски циклус го однесе проблемот на следно ниво. Според пресметката на некои медиуми, 47 репрезентативци од разни меридијани по репрезентативните собири се вратија во своите клубови со коронавирусот корона!

Меѓу нив се српските фудбалери Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Александар Коларов, Лука Јовиќ, Египќаните Мохамед Салах и Мохамед Елнени, потоа Хрватите Брозовиќ и Вида, Босанецот Колашинац, Холанѓанецот Вилена, Израелецот Дабур.

Покрај нив, се разболеа и 15 фудбалери на репрезентацијата на Уругвај, шест Корејци, четворица Украинци, тројца Чеси, четворица Ирци …

Последната информација е дека двајца фудбалери на Торино имале позитивни тестови, кои штотуку се вратиле од репрезентативната пауза, но имињата на заразените играчи не биле откриени.

Сега, прашањето е дали играчите кои доаѓале на собирите на репрезентацијата веќе биле заразени, па тамошните тестови откриле дека носат вирус или го добиле кога дошле во таборите на националните тимови.