Емануел Макрон изрази сочувство за смртта на Иринеј на српски јазик (ФОТО)

682 прегледи

На социјалните мрежи, францускиот претседател Емануел Макрон, објави краток текст на српски јазик, со кој на соседна Србија и изрази сочувство за загубата и смртта на патријархот, Иринеј.

„Се јавив кај претседателот Александар Вучиќ, да му изразам сочувство по сознанието на тажната вест за заминувањето на патријархот Иринеј. Франција им се придружува на сите Срби во жалоста“, гласи постот на твитер мрежата на Емануел Макрон.

Инаку, денес во Србија се оддржува комеморација во чест на поглаварот на СПЦ, Иринеј кој вчера ја загуби битката со Коронавирусот, а ќе биде погребан утре.

Слични содржини