205
Само во изминатото деноноќие, Министерството за внатрешни работи преку своите акциски контроли, на територијата на општината Центар изрекле 105 мерки, од кои 5 за управување без возачка дозвола, 4 за неиправни и нерегистрирани возила, а 10 за управување со возило во алкохолизирана состојба.
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.