Новата студија открива колку долго сме заразни и кој најмногу го шири коронавирусот

од Берта Китинска
631 прегледи

Луѓето кои се позитивни на ковид-19 најверојатно се најзаразни во првите пет дена откако ќе развијат симптоми, потврдува новото истражување, истакнувајќи ја потребата за брза изолација.

Истражувањето објавено во стручното списание „Лансет“, исто така, укажува на тоа дека асимптоматските лица можат побрзо да го отстранат вирусот од своето тело и да бидат заразни за пократко време.

Имено, научниците велат дека е тешко да се имаат какви било веродостојни податоци за фреквенцијата на асимптоматски случаи затоа што понекогаш е тешко да се разликуваат од пресимптоматските, односно оние кои сè уште немаат развиено симптоми.

„Асимптоматски е некој кој никогаш немал развиено симптоми на болеста, а пресимптоматско е кога некој има благи симптоми пред да се појават јасни симптоми“, објасни Крутика Купали, научник од Медицинскиот факултет Стенфорд во Калифорнија.

Според некои претходни истражувања, процентот на асимптоматски случаи може да достигне дури 80 проценти, но новата анализа, во која учествувале 21 708 пациенти, покажала дека асимптоматските случаи биле 17 проценти, или драстично помалку!

Во првиот преглед од ваков вид, истражувачите анализирале податоци од 98 претходни студии за пренесување на инфекција со коронавирус.

Истражувачите ги споредиле своите откритија за ковид-19 со уште два други вида на коронавирус за подобро да разберат зошто ковид-19 се шири толку брзо.

Откриле дека вирусното оптоварување, односно количината на вирус откриена во организмот преку различни фази на инфекција со САРС-КоВ-2, го достигнува својот врв во горниот респираторен тракт во почетокот на болеста, помеѓу почетокот на симптомите и петтиот ден.

Ова е важно затоа што вирусот во горниот респираторен тракт се смета за главен извор на пренесување.

За споредба, вирусното оптоварување за два други вида на коронавирус, SARS-CoV и MERS-CoV, достигнува максимум подоцна, помеѓу 10 и 14 дена и 7 и 10 дена, соодветно, обезбедувајќи повеќе време за препознавање на симптомите, пренесува HuffPost.

Слични содржини