ВМРО ДПМНЕ: Филипче секој ден завива десетици семејства во црно

218 прегледи

Опозициската ВМРО ДПМНЕ, во денешното соопштение, потецнира упте еднаш дека Филипче и Заев се одговорни за смртноста на луѓето. Резултат на нивната неодговорност како што велат е повеќе од 1500 починати лица, па оттаму Филипче завива во црно секојдневно десетици семејства.

„Филипче и Заев се директно одговорни што луѓе умираат поради недостаток на кислород и места во болниците, со оставка ќе спасат животи.

Филипче за девет месеци од почетокот на епидемијата со корона покажа и докажа само едно нешто – дека е неспособен и дека не знае да се справи со последиците од корона кризата.

Резултат на неспособноста на Филипче се повеќе од 1500 починати лица или поточно 1511 граѓани.

Или Македонија во регионот и во во Европа по бројот на починати на милион жители е на врвот на листите.

Филипче остава секојднево да умираат десетици граѓани.

Филипче секој ден завива десетици семејства во црно.

Филипче за девет месеци не обезбеди болнички кревети, граѓаните ги остави да чекаат по ходниците, ама и да умираат по ходниците на болниците, ги остави без доволно и без соодветна терапија, нема кислород за болните или се чека по неколку саати што завршува погубно по животите на граѓаните.

Филипче не се грижи ниту за медицинските лица, од почетокот на епидемијата се без доволно соодветна лична заштитна опрема.

И додека се случуваат овие црни сценарија, Филипче и екипата на Заев прогласија кризна состојба, а паралелно тераат и избори во Штип.

Трети ден од кризна сотојба нема ни една мерка, која им е намерата од АРМ да направат агенција за обезбедување?! За сето ова мора да има одговорност – веднаш!“, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Слични содржини