221
Вестите за резултатите од тестот на вакцината произведена од компанијата „АстраЗенека“ се охрабрувачки и среќни сме што гледаме такви резултати, како и други резултати што ги видовме во текот на изминатите недели, изјави Сумја Сваминатан, главен научник на Светската здравствена организација.
Сваминатан изјави за „Ројтерс“ дека СЗО ги поздравува напорите на „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд да направат вакцина што е достапна и лесна за чување.
„АстраЗенека“ денес изјави дека вакцината што ја развива заедно со Универзитетот во Оксфорд може да биде ефикасна 90 проценти, обезбедувајќи ново средство за борба против пандемија кое е ефтино за производство и може лесно и брзо да се дистрибуира.