МВР во изминатото деноноќие изрече 207 санкции

182 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои 24 за возење без возачка дозвола, 25 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 11 санкции за користење на мобилен телефон, 60 за непрописно паркирање, 47 возила се подигнати се специјално возило „пајак“, а изречени се 16 мерки за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

Слични содржини