Вашингтон пост: Русија и Кина го зајакнуваат своето влијание во светот благодарение на вакцините

од Nikola Popovski
348 прегледи

„Русија и Кина го зајакнуваат своето влијание во светот благодарение на вакцините против коронавирус и подготвеноста да ги понудат на други земји, додека САД губат позиции, остануваат настрана и создаваат внатрешни резерви“, пишува „Вашингтон пост“.

„Во новата област – вакцинска дипломатија, постојат два пристапа: да соберете или да споделите. Првиот пристап го користат САД“, се вели во текстот.

Авторите сметаат дека оваа ситуација покажува дека „САД се повлекле (од меѓународната арена) за време на администрацијата на Трамп“.

„Пример за друг пристап се Кина и Русија, кои побрзаа да ги споделат своите вакцини со земјите кои се борат меѓусебно за нивните набавки, што ќе ги доведе во позиција што ќе им овозможи да ги прошират своите политички и економски интереси“, пишува „Вашингтон пост“.

„Руската вакцинска дипломатија е составен дел од поширокиот стремеж на претседателот Владимир Путин да го потврди статусот на државата како водечка држава во светот. Дури и името избрано за прва вакцина против коронавирус „Спутник V“ не враќа во времето на вселенската трка од педесеттите години за време на Студената војна“, заклучуваат авторите на текстот.

Слични содржини