Само во Скопје во изминатото деноноќие санкционирани 396 возачи

161 прегледи

Само во изминатото деноноќие во Скопје биле санкционирани 396 несовесни возачи.

Имено, од нив 46 возеле без возчка, а 27 ги управувале своите возлила кои биле технички неисправни и нерегистрирани. При засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Од МВР соопштија дека од санкционираните 20 мерки се за недавање првенство на пешаци, 14 санкции за користење на мобилен телефон и 49 мерки на прекршоци направени од пешаци. За непрописно паркирање изречени се 87 мерки, а изречени се 54 мерки за неносење на заштитна маска.

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Слични содржини