Мерките кои ги преземаме од страна на сообраќајната полиција изминативе два месеци влијаат на граѓаните и се надевам дека уште повќе ќе се влијае на свеста и она што го имаме како тренд-намалување на сообраќајните несреќи ќе продолжи во иднина, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Ангеловски вели дека нерегистрирањето на возилтата не е поради сиромаштијата.
-Фаќаме „ауди“, „мерцедес“, „бмв“. Со таквото нерегистрирано возило, без потврда дека е технички исправно е практично убиец на патиштата.Казната е двојна од она што ќе го платите кога би го регистрирале возилото. Ова санкционирање не е само репресивна мерка, туку и превентивна. Заеднички треба да се придонесе за справување со нередот во сообраќајот, вели Ангеловски.