Нов Зеланд прогласи вонредна состојба, но НЕ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерката на Нов Зеланд, Џacасинда Ардерн, ќе претстави предлог за прогласување вонредна состојба следната среда, соопшти владата.

„Отсекогаш сметавме дека климатските промени се голема опасност за нашиот регион и тоа е нешто на што мора да работиме веднаш. За жал, во последниот мандат не успеавме да иницираме барање за климатски вонредни ситуации во парламентот, но сега сме во можност“, рече Ардерн, пренесува „Индипендент“.

Да потсетиме, Џасинда Ардерн ја задржа својата позиција на власт и на изборите одржани минатиот месец.

Доколку се прифати предлогот за климатска вонредна состојба, Нов Зеланд ќе им се придружи на Канада, Франција и Велика Британија, кои го сторија истото.

Слични содржини