Трамп: Испораката на вакцината ќе започне следната недела

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испораката на вакцината за коронавирус ќе започне следната недела.

Трамп додаде дека здравствените работници и старите лица ќе бидат меѓу првите кои ќе добијат лек против Ковид 19, пренесе „РТ“.

„Ја израмнуваме кривата. Вакцините се испорачуваат – буквално ќе започнат следната и неделата по таа. Тие ќе ги „погодат“ раните на фронтот, старите лица и лекарите, медицинските сестри … одиме многу брзо“, рече Трамп во четвртокот за време на своето обраќање за Денот на благодарноста.

Да потсетиме, компаниите „Фајзер“ и „БајонТек“ поднесоа барање до американското тело ФДА за итно одобрување на вакцината за коронавирус за шест дена.

Предлогот дојде само еден ден откако компаниите рекоа дека нивната вакцина се покажала околу 95% успешна во спречувањето на лесни и тешки форми на Ковид 19.

Фармацевтските компании рекоа дека поради добрите резултати од студијата, пошироката употреба на вакцината треба да биде одобрена брзо, а тоа може да го стори американската Администрација за храна и лекови (ФДА), дури и пред крајот на последната фаза на тестирање.

Истото барање „Фајзер“ го испрати до Европската унија, како и до Велика Британија.

Слични содржини