219
Матичнот лекар, прави проценка на здравствената состојба индицира одредени анализи, преглед секако и врз основа на состојбата на пациентот препишува терапија.
– До овој момент нема специфична терапија за Ковид-19 никаде во светот. Нема ниту еден лек кој е потврден да биде специфичен за оваа болест. За лекот „Фавипиравир“ се водат близу 30 студии во светот. Лекот „Ремдесивирот“ е неспецифичен за оваа болест, но има одредени докази дека влијае на скратување на периодот на хоспитализација, не на преживување. Во смисла на тоа целокупната терапија се препишува и за тоа матичните лекари имаат насоки согласно состојбата, клиничката слика, прегледите, а доколку се укаже или се индицира потреба пациентите се упатуваат во болниците, рече Филипче.