Заев: За првпат ќе имаме сериозно производство на домашно пилешко месо

од Nikola Popovski
343 прегледи

Премиерот Заев Заев и министри од економските ресори вчера присуствува на отворањето на новата инвестиција на конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернешанал фреш фуд” за бројлерско производство во селото Гиновци во Општина Ранковце.

Како што објави премиерот, преку оваа инвестиција за првпат во земјава ќе има сериозно производство на домашно пилешко месо.

„Со запазување на најсовремените пракси за безбедност на храна. На овој начин не само што ќе имаме намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјава, туку се отвора и можност за извоз на странските пазари и отворање нови работни места“, објави Заев.

На официјалното отворање присуствуваа и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николоски и министрите за финансии, за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Арјанит Хоџа.

Слични содржини