„ИЗБОРИТЕ СЕ НАМЕСТЕНИ“: Републиканците бараат оспорување на резултатите од гласањето во Пенсилванија

од Stefanija Kuzmanovska
323 прегледи

Републиканските пратеници во Пенсилванија претставија резолуција дека имаат намера да ги оспорат резултатите од претседателските избори во Америка, одржани на 3 ноември.

Резолуцијата ги прогласува изборните резултати за спорни и бара одложување на потврдата на гласовите во Пенсилванија.

Исто така, од американскиот Конгрес се бара да ги прогласи претседателските избори во САД за спорни.

Се тврди дека голем број фактори ги доведуваат во прашање изборните резултати, вклучително и продолжување на рокот за гласање по пошта.

Според медиумите во Питсбург, оваа резолуција допрва треба да се гласа во надлежните институции.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп го повтори тврдењето дека резултатите од изборите во Пенсилванија се наместени и дека тој победил во таа сојузна држава, доведувајќи ја во прашање регуларноста на повеќе од еден милион гласови.

– Од никаде се појавија 1.126.940 гласови. Убедливо победив во Пенсилванија. Гласовите во Пенсилванија се наместени. Светот гледа! – напиша Трамп на Твитер.

Трамп се огласи откако Федералниот апелационен суд го отфрли обидот на неговиот персонал да покрене повторно тужба со која се оспоруваат изборните резултати во Пенсилванија.

Слични содржини