Заев: Изолациите ги оставаме во минатото бидејќи знаеме дека македонската иднина е европска

од Stefanija Kuzmanovska

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре и подобар живот, пишува премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Така е и сега. Гледаме напред, кон Европа, тоа е единствениот пат кон нашето подобро утре.

Изолациите ги оставаме во минатото бидејќи знаеме дека македонската иднина е европска. Во тоа име, продолжуваме да бараме решенија. Само така е европски, само така е македонски.

Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик!“, додава тој.

Слични содржини