МВР: Во последните 24 часа санкционирани 167 возачи

152 прегледи

Само во текот на изминатото деноноќие, во главниот град се изречени 167 мерки на несовесни возачи.

Имено, од МВР соопштија дека од нив 26 се за возење без возачка дозвола, 14 санцкии пак, за технички неисправни и нерегистрирани возија.

Исто така, при засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се и 36 мерки за непрописно паркирани возила, 20 возила се подигнати од „пајак“ службата и 27 санкции за неносење заштитна маска.

Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Слични содржини