Колку долго, по вакцинирањето, ќе бидеме имуни на КОВИД-19?

од Stefanija Kuzmanovska
760 прегледи

Фармацевтските компании ни дадоа надеж за масовна имунизација на коронавирус. Но, дали една вакцинација ќе не заштити од инфекција цел живот или само неколку месеци?

Вестите за развој на вакцини звучат одлично. Кандидатите на „Модерна“ и „Фајзер“ нудат 90 процентна заштита од КОВИД-19, а вакцината на „АстраЗенека“ најмалку 70 проценти.

И додека внимателно гледаме на животот по пандемијата, во надеж дека вакцината ќе ја претвори само во меморија, главното прашање е колку долго луѓето ќе бидат заштитени од вирусот, пишува агенцијата dpa.

Сè уште е рано да се одговори бидејќи досега немаше долгорочни студии.

Стерилен и клинички имунитет

Неодамнешното истражување на калифорнискиот институт за имунологија Ла Јола спроведено на заразени лица открило антитела и Т-клетки – двете главни оружја на имунолошкиот систем на човекот, најмалку пет месеци по инфекцијата, дури и кај оние со лесни симптоми.

Овие се охрабрувачки податоци, имајќи предвид дека нашиот одбранбен систем има неколку различни начини на дејствување, рече Томас Џејкобс од Институтот за тропска медицина Бернхард Нохт во Хамбург.

Оваа студија укажува на постоење на стерилен имунитет, односно оној што го уништува вирусот пред да навлезе во клетките, рече Џејкобс. А соодветните вакцини може дури и да предизвикаат подобар одговор на антитела отколку природна инфекција, посочи тој.

Покрај тоа, одговорот на Т-клетките, односно специфичните лимфоцити за борба против вирусите, траеше неколку месеци, што укажува на развој на клинички имунитет, вели Џејкобс. Ова значи дека пациентите ќе имаат само благи симптоми како оние што наликуваат на настинка.

Но, врз основа на тоа, не можеме да претпоставиме дека вакцината ќе гарантира доживотен имунитет.

Овие откритија ветуваат бидејќи ако природна вирусна инфекција може да предизвика силен одговор на Т-клетките, тоа може да значи дека вакцината ќе го постигне истото, рече Фиона Ват, претседател на британскиот медицински истражувачки совет во списанието British Medical Journal.

Вакцината создава посилен имунитет

Карстен Вацл, имунолог од институтот Лајбниц во Дортмунд, вели дека едно лице обично е заштитено од една до една и пол година откако е заразено со поблага форма на коронавирус, како што се оние што предизвикуваат настинка.

Но, не можете да го споредите имунолошкиот одговор на организмот по природна инфекција со оној што доаѓа по вакцинацијата, бидејќи вториот е многу поефикасен, рече Вацл, генерален секретар на германското имунолошко друштво, истакнувајќи дека луѓето се надеваат дека вакцините ќе гарантираат подолг имунитет.

За ризичните групи, како што се корисниците на домови за стари лица, поважно е да се создаде вакцина која ќе гарантира стерилен имунитет, додека за општата популација, клиничкиот имунитет веројатно би бил доволен, рече Џејкобс.

Засега е непознато дали вакцината ќе спречи ширење на вирусот.

Во случај на силен одговор на антитела, тоа е малку веројатно, рече Џејкобс.

Имунологот Вацл вели дека вакцините прво ќе ја смират состојбата на глобално ниво.

Дури и ако населението е заштитено само две години, секој што сака може повторно да се вакцинира и без сомнение повеќе нема да имаме пандемија, рече тој.

Слични содржини