247
Владо Бучковски треба да биде само мотиватор за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство, преговорите за изнаоѓање решение и натаму ќе ги води Министерството за надворешни работи, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
– Бучковски како специјален претставник на Владата треба да биде оној кој ќе биде мотиватор на реализцијата на договорот. Преговорите ги води МНР на чело со министерот Бујар Османи, државниот секретар и кабинетот. Вклучен е и вицепремиерот за европски прашања кој е во контакти со европските министри задолжени за европски прашања и мојот кабинет со нашиот иден амбасадор во НАТО Дане Талески кој од почетокот е во овие разговори ,рече Заев.