Проблемот со Бугарија кој се наметнува и изјавите на Вархеји за тоа дека ако не се направат напори за де се реши овој проблем Македонија ќе има долг пат кон почетокот на преговорите е затоа што силна е позицијата на Бугарија во ЕУ.И со Грција спорот беше долгогодишен и секогаш таа кога ставаше вето не беше сама и тогаш ЕУ кажуваше дека треба да се прават реформи и пораката доаѓаше од организациите, вели Љупчо Зиков во „Само Виситна“.
Во однос за изборот на Бучковски како специјален претставник на Македонија за Бугарија, Зиков вели дека тој е добар познавач на односите на овие две земји.
– Бучковски е добар познавач на односите на Македонија и Бугарија мислам дека има концепција како ќе оди ова решение. Една е темата дали ќе добие вето, а другата е дека треба да ги чистиме односите со соседот. Бучковски е пратен да ги решава и расчисти нејаснотии кои напишани во Договорот, вели Зиков.