Заев: Никогаш не ја ризикувам гордоста, идентитетот и јазикот на мојот народ

од Nikola Popovski
357 прегледи

„Покажав дека за разлика од моите претходници премиери преземам конкретни дела. Народот ме памти и по лошо, и по добро. Зошто е извесно ветото од Бугарија? Затоа што и другата страна треба нешто да даде. Имаме време се уште, јас уште на 11-ти октомври го предупредив народот дека вето е можно. Крајот на март се изборите во Бугарија. Може и подобро да се почека. Нема зошто да поднесам оставка. Нашиот народ останува на европскиот пат, на европската агенда, ние направивме се, може и презедов ризик за мојата кариера, ама ризик за мојот народ, за неговата гордост, идентитет, за тоа јас немам право да ризикувам, напротив можам само да ги заштитам.“- изјави премиерот Зоран Заев во емисијата „Стадион“ на радио Канал 77, зборувајќи дека јазикот и идентитетот воопшто не се прашања за дискусија.

Тој оцени дека лидерска средба може да има на крајот од преговорите со Бугарија затоа што смета дека во овој момент тоа би предизвикало дополнителни конфронтации.

„Лидерска средба не може во екот на преговорите, лидерска може или претходно или потоа. Му даваме шанса на процесот, ако сакаме кавга со Бугарија можеме уште утре лидерска средба и тука ќе прекинат и разговорите со соседот. Пред избори се граѓаните и политичарите во Бугарија и само чекаат грешка од некој функционер кај нас. Ако се изборите причина, а од досегашните разговори гледам дека имаме решение, тогаш да почекаме изборите да поминат. Борисов може сам да пресече, затоа и велам има уште малку шанси. Желба на бугарскиот народ е цел регион да се интегрира“, објасни Заев зошто можеби е подобро да се почекаат изборите во Бугарија.

Слични содржини