Дечев: Придавката „македонски“ не смее да биде проблем

од Nikola Popovski
325 прегледи

Бугарскиот историчар Стефан Дечев смета дека придавката „македонски“ не смее да биде проблем.

„Во Бугарија сигурно има 150 – 170 години, каде придавката македонски се употребува сосем спокојно секаде. Уште повеќе затоа што нашето министерство во последните години повторува дека ги признава современите реалности, а современата реалност е дека кога ќе се отиде на запад од Осогово, има и македонска нација и македонски јазик и луѓе кои имаат македонски идентитет“, изјави Дечев за ТВ 24.

Според него, главниот проблем меѓу Софија и Скопје е тоа што бугарската страна мисли дека е сто проценти во право, додека македонската страна замижува пред историските факти.

„На бугарските колеги од Комисијата им порачува да бидат пофлексибилни, а на македонските – да ги почитуваат фактите“, посочил историчарот.

Тој навел дека предизборната ситуација и фактот дека тие имаат избори во месец март е само дел од вистината.

„Тврдите позиции кон Македонија ги има голем дел од бугарската политичка сцена, разликата е само тоа што Каракачанов се изразува потврдо, погрубо, поагресивно и провоцирачки за разлика од големиот дел кои го мислат истото, но молчат“, истакнал Дечев.

Тој се надева дека Бугарија  во последен момент ќе даде зелено светло за старт на преговори на Македонија, затоа што сите проблеми кои ги има меѓу Софија и Скопје, може да бидат решени за време на преговорите, во следните 5 до10 години.

Слични содржини