Благ пад на бројот на новозаболени, здравствените домови се подготвуваат за вакцинација

од Берта Китинска
256 прегледи

Во однос на претходните денови забеблежано е благо намалување на бројот на новозаболени со ковид 19 евидентирано во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа.

Вчера беа регистрирани нови 659 случаи со Ковид-19 од направени 1715 тестирања, починати се 23, а оздравени 774 пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека за вакцинација на граѓаните ќе се користат постоечките вакцинални пунктови во здравствените домови низ државата, болници и други здравствени капацитети.

Секој здравствен дом ќе мора да назначи одговорно лице за координација и организација на Ковид-19 вакцинацијата.

Поддршката од Армијата

-Поддршката од Армијата и Министерството за одбрана е многу важна во битката со пандемијата. Благодарност до сите претставници на Армијата кои се силна поддршка на здравствените работници. Како никогаш порано мобилизирани се сите капацитети и ресурси во државата за да одговориме на предизивикот. Заедно ќе ја надминеме и оваа криза, изјави Филипче

Вкупната бројка ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 67 968, бројката на оздравени пациенти е 43 646, на починати е 1924, а бројот на активни случаи изнесува 22 398.

Слични содржини