Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, уште еднаш пред медиумите појасни дека и денешната шанса е пропуштена, и иако останува онаа трошка надеж за пробив кон процесот на преговорите во четврток, не верува дека ќе се направи некој голем исчекор.
„Не можеме да очекуваме денес одговор, но останува во четврток да видиме каде имаме уште една шанса, иако можностите се се помали.
Ако имаше чисто досие за почеток на преговори со ЕУ, тоа беше досието на С.Македонија. За жал не се искористи оваа можност, да биде нашето досие пример за сите останати држави кои бараат шанса за почеток на преговорите. Не смееме овие пречки да ги гледаме како ѕидови, туку како препреки на патот кои можат да се одминат. Оваа блокада треба да не мобилизира и реорганизира, за да се вратиме на патот за преговори. Уште од денес, ќе почнеме да го решаваме проблемот со Бугарија. Овој процес бара упорност, многу разговори и дипломатија и не смее да има откажување од овој пат“, посочи Османи