Кабинетот на Бајден е една голема илузија

од Stefanija Kuzmanovska
3,3K прегледи

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ќе влезе во историјата кога ќе биде инаугуриран на 20 јануари. Тој ќе вработи најголем број жени во неговиот кабинет, и според сите најави, тој треба да биде најразновидниот кабинет во американската историја. Дали сепак е баш така?

Според претходните информации, Бајден формирал тим за комуникација кој во целост ќе го сочинуваат жени, а уште неколку жени биле назначени на високи функции кои досега ги извршувале исклучиво мажи.

Исто како кога ја назначи сенаторката Камала Харис за свој потпретседател за кандидат на Демократската партија, одлуката на Бајден беше поздравена со аплауз. Ова, на крајот, се чини дека е најдобриот одговор на политиката на Доналд Трамп, кој зборуваше за тоа како треба да се „допираат жените“ и кога голем број жени го обвинија за сексуално вознемирување.

„Вашингтон пост“ напиша за причините зошто жените треба да сочинуваат барем половина од кабинетот на Бајден: тој им го должи тоа на жените; земји како Финска и Јужна Африка го сторија тоа пред Америка; квалификувани жени воопшто не е тешко да се најдат и, конечно, конечно е време жените да бидат доминантни во канцеларијата на американскиот претседател.

„Гардијан“ пишува дека Бајден, зад сцената, секако е под притисок да ангажира повеќе луѓе кои не се бели, така што кабинетот би бил разновиден во однос на расите. Некои демократи од Конгресот го повикаа да назначи латиноамериканци на високи позиции во кабинетот.

Сепак, колку и да е ова позитивно, може да заврши и во ќорсокак. Од една страна, на овој начин, администрацијата на Бајден може да ги преиспита структурните нееднаквости што доведуваат до маргинализација на одредени групи, додека од друга страна, овој состав на новиот кабинет може да послужи за одржување на статус кво состојбата.

Либералите се повеќе се определуваат за козметички промени што не носат никаква вистинска трансформација, пишува „Гардијан“, и тоа е токму еден од клучните проблеми што ја разнишаа довербата на ваквите групи во Демократската партија.

Камала Харис изјави дека решила да биде потпретседател на Бајден и поради начинот на кој тој и пришол кога и ја понудил работата.

„Кога ме замоли да „трчам“ со него, тој ми рече дека ќе се посвети на изборот на кабинет што личи на Америка и ќе го претставува најдоброто од нашата нација. Тоа е она што го сторивме“, рече Харис.

Колумнистката на „Гардијан“ се повикува токму на фразата „најдоброто од нашата нација“; затоа, овие луѓе не се претставници на групите што ги избрале, туку доказ за меритократијата што им кажува на граѓаните дека ако работат доволно напорно и се „најдобрите на нацијата“, тие исто така можат да стигнат таму, во канцеларијата на еден претседател.

Се разбира, за луѓето е важно и инспиративно да гледаат важни луѓе на важни места, тоа поттикнува амбиција и самодоверба, но кога луѓето ќе бидат ангажирани да ја направат владата „да изгледа“ на еден или друг начин, како една или друга Америка, тоа најмногу служи за одржување на статус квото. Со цел работите да не се променат.

Оваа разновидност во кабинетот исто така може да биде опасна; тоа не е поврзано со ниту еден механизам на моќ и секако изгледа порепрезентативно сега кога еуфоријата околу поразот на Доналд Трамп сè уште трае и издава илузија за моќ. Тоа е далеку од реалното.

Слични содржини