Изјавата од германското претседателство е на линија на тоа што и ние го чувствуваме, а тоа е дека Бугарија направи геостратешка грешка, што не е добра за регионот, не е добра за нас и нема да биде добра и за Софија, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска во однос на бугарското вето.
-Продолжуваме да докажуваме дека можеме да испорачаме европски резултати, дури и тогаш кога некој го блокира европскиот процес. Така ќе продолжиме и понатаму бидејќи македонската иднина е европска и ние на тоа нема да градиме алтернатива.Она што ние го ветивме пред месец дена, покажавме дека го исполнуваме и оти во интерес на европскиот процес нема да заборавиме на европските вредности, а едно од тие вредности е почитувањето на правото на самоопределување, на различноста и посебноста на секој наарод и на секој јазик. Ние кажавме дека тие црвени линии нема да ги преминеме, истакна Шекеринска.