Рекорден број починати од корона од почетокот на кризата, бројката е веќе над 2.000

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека во изминативе 24 часа се починати 46 лица како последица од заболување од коронавирусот.

Денешната бројка е црн рекорд по однос на луѓе кои ја загубија битката со Ковид-19.

Од 46 лица кои починаа, деветнаесет пациенти се од Скопје (85, 28, 66, 64, 73, 72, 84, 73, 67, 78, 75, 72, 73, 67, 84, 81, 72, 72 и 84г), еден од Дебар (74г), еден од Штип (81г) и еден од Прилеп (83г), пет пациенти од Тетово (78, 83, 82, 74 и 67г), двајца од Струга (61 и 61г), тројца од Велес (68, 68 и 59г), тројца од Охрид (71, 89 и 57г), еден пациент од Кавадарци (64г), еден од Гостивар (59г), тројца од Струмица (73, 75 и 83г), двајца од Кочани (82 и 70г), еден од Демир Хисар (71г), еден од Македонски Брод (64г) и двајца пациенти од Кичево (80 и 67г).

Од нив седум пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Од почетокот на кризата во земјава починаа вкупно 2.023 лица.