Пендаров: Захариева дрско вели дека ова не е вето, а Борисов мртов ладен го пушта интервјуто со Бучковски

436 прегледи

Во своето гостување во „Само вистина“, Тодор Пендаров, посочи дека е погрешна политиката на премиерот во однос на Бугарија.

„Ако Заев не научил од примерот со Грција каде беа погазени сите европски вредности. На Европа и е гајле за ова, бидејќи Заев беше проѕирен со ова интервју, па сега се вади со настап како во неговото последно интервју. Не е НАТО заслуга само на оваа Влада, тоа е заслуга од 1991. година. Имаме незнаења кои ни се повторуваат“,вели Пендаров.

„Захариева е дрска и вели ова не е вето. Борисов пак, го пушти целото интервју со Бучковски, каде вели дека е заштитен македонскиот јазик и идентитет. Тие сите велат дека сме денес Македонци, а до 1945 сме биле Бугари“, додава тој.