Заев донесе многу храбри одлуки, заслужува да му се даде нова шанса, вели Спасовски

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за ТВ21 вели дека единство во неговата партија СДСМ постои.

Неговиот став е дека не се гледа на негова позиција, а кажа и зошто.

„Не размислувам на таа тема. Сметам дека на еден лидер на партија кој донесе многу важни одлуки во корист на државата, многу храбри одлуки, кој успеа во изминатите години да го сруши режимот, заслужува да му се даде нова шанса“, изјави Спасовски.